Луксузни куќи на славните – тие го редефинираат луксузот

Познатите личности се благословени со заработка од милиони долари, па секако дека е во ред да инвестираат во луксузен недвижен имот. Голем број куќи на таканаречените селебрити личности се толку убави што тие дури и не мора воопшто да ги напуштат своите домови.

Додека обичните луѓе треба да земат кредити за да си дозволат ваков лусуз, славните личности можат да платат во кеш без да им трепне око, пишуваат американските таблоиди.

Тајгер Вудс, голф-играч, е еден од многуте познати личности со најубави домови.

Иако помина низ неколку непријатни работи – апсење поради возење под дејство на аналгетици, а и секс-скандал кој заврши со лош развод, Тајгер Вудс сè уште е далеку од банкрот.

Покрај тоа што поседува луксузна јахта и приватен авион, тој ужива да живее во огромна палата вредна 60 милиони долари во Флорида.

Надоместоците за осигурување на неговиот имот – движен и недвижен – мора да чинат многу. Еве што добивате кога сте најдобар човек во играта: огромен дом од 10,000 метри квадратни опкружен со sидови (за да се обезбеди приватност) што вклучува патека за трчање и, нормално, терен за голф.

Вудс беше на врвот на својата кариера во голф во раните 2000-ти и се чинеше дека има совршен брак со поранешната манекенка Елин Нордегрен, пред злогласниот скандал со мамење  да му го уништи угледот во 2009 година.

И 10 години потоа, тој сè уште е активен во спортот и учествува на турнири иако е далеку од својата топ форма.

Треба да знаете
Последни објави