Испраќањето турски сили во Либија ќе го натераат НАТО да се вмеша, а против нив ќе бидат арапските држави поради внатрешниот конфликт, па внатрешниот конфликт ќе стане регионален, изјави за „Спутник“ поранешниот началник на Главната управа за меѓународна соработка при руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Леонид Ивашов.
„Европјците, некои се членки на НАТО, во војната во Либија ја поддржуваат Владата на национално единство против маршалот Калифа Хафтар. Тие го зготвија тоа под раководство на Американците и на некој начин ќе учествуваат, на пример во испораката на вооружување на специјалците,“ рече Ивашов.
Според него, на страната на Хафтар ќе се најдат солидни арапски држави, почнувајќи од Египет.
„И тогаш конфликтот ќе прерасне во регионален“, смета експертот.
Тој се сомнева дека турските сили ќе имаат пресудно влијание во решавањето на конфликтот.
Ивашов вели дека тие немаат најсовремена техника и на северот од Сирија веќе покажале дека немаат некоја желба за војување на туѓа територија за некои, како што рече, нејасни интереси.
Турција ја поддржува владата на Фајез Сараџ во Либија и веќе ѝ испрти воени залихи и покрај ембаргото за оружје на ОН. Кон крајот на ноември, Ердоган и Сараџ, кој контролира само дел од земјата, потпишаа меморандуми за соработка во воената област и за меѓусебно разбирање во поморските зони.