Самсунг го подготвува првиот 5G таблет

Galaxy Tab S6 на Самсунг наскоро ќе биде достапен со поддршка за 5G мрежата, со што веројатно ќе стане првиот таблет со побрза интернет конекција.
Galaxy Tab S6 5G се појави на веб-страницата на јужнокорејскиот гигант како производ што наскоро ќе излезе во продажба, иако компанијата допрва треба официјално да го најави уредот. Нема информации за тоа колку ќе чини таблетот или какви ќе бидат неговите карактеристики, освен тоа што ќе ја поддржува 5G мрежата. Исто така не е познато кога би можел да се најде на пазарот.

Како што предвидуваат техно аналитичарите, постои можност таблетот да биде ист како Tab S6, само во 5G верзија. Инаку, Tab S6 кој беше претставен во септември, е опремен со Снапдагон 855 процесор. Иако се вбројува меѓу најдобрите Андроид таблети достапни на светскиот пазар, се очекува Самсунг да ги поправи малите софтверски пропусти коишто постоеја во првобитната верзија на моделот Galaxy Tab S6.

Треба да знаете
Последни објави