Скијач преживеал пет часа под лавина на австриските Алпи

Австриец на возраст од 26 години минал повеќе од пет часа под снег, откако бил затрушан од лавина на австриските Алпи. Скијчот бил спасен од службите за итни случаи, пренесоа денеска австриските медиуми.

Жртвите од лавина вообичаено не преживуваат повеќе од 15 минути под снег, а случајот со спасениот 26-годишник е прв од ваков вид на Алпите во последните дваесет години, изјави претставникот за спасувачка служба, Штефан Шрик.

Службите биле активирани во средата навечер бидејќи 26-годишниот скијач не се вратил од необележаната патека. Спасувачите биле во можност да го лоцираат скијачот еден метар под снегот бидејќи кај себе имал предавател кој ја испраќал неговата локација на неколку минути.

Човекот бил свесен, но сериозно премрзнат. Тој успеал да преживее затоа што околу главата му се формирал воздушен џеб што му овозможил да дише, иако не можешел да се движи поради снежната маса.

„Тој имал многу, многу среќа“, рече Шрик во изјавата за медиуми.

 

Треба да знаете
Последни објави