Фoрд прави делови за автомобили од талогот од кафињата од Мекдоналдс

Форд и Мекдоналдс Америка најавија соработка за „еколошкото производство на делови за автомобили. Не е шега, имено американскиот синџир за брза храна годишно подготвува десетици милиони чаши кафе, при што се акумулираат милиони тони талог што завршуваат во отпад.

Сепак, откриено е дека остатоците од сварено кафе со релативно едноставен процес, користејќи високи температури и ниско ниво на кислород, со мешање на пластика и други адитиви, можат да се претворат во траен материјал корисен за автомобилската индустрија.

-Таквиот материјал е исклучително отпорен и лесно употреблив, а деловите од „автомобилите од кафе“ се за 20 проценти полесни од стандардните пластични. Друга предност е тоа што процесот на обликување бара 25 проценти помалку енергија, се вели во заедничката изјава на Форд и Мекдоналдс Америка.

Според производствените стандарди на Форд, ваквите материјали од талогот за кафе може да се користат за да се изработка за внатрешната рамка за светла како и за низа други делови на ентериерот, под хаубата и на каросеријата.

Треба да знаете
Последни објави