Јанушев: Не ги кочиме повисоките плати и пензии, туку законот за дроги на Заев со кој уценува избори

Власта како по обичај  особено последниот период лаже и манипулира. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страна на граѓаните и секогаш кога станува збор за економски закони, за закони кои што предвидуваат било какво покачување, дали е тоа на пензии, плати и слично ќе даде поддршка и во минатото давало поддршка, изјави генералниот секретар на партијата, Игор јанушев.

-ВМРО-ДПМНЕ го кочи донесувањето на законот за дроги. ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да се согласи и нема да го поддржи овој закон, а Заев и неговата криминално-рекетарска банда се обидуваат на мала врата, на скриен, на шверцерски начин под завесата на овие неколку други закони да го прошверцуваат така речено овој закон и ги ставаат во една ситуација 2 милиони граѓани на Република Македонија во ситуација на заложништво. Тоа нема да го дозволиме  и тоа нема да помине.

Јанушев прашува зошто никој не го истражува Предраг Колувија, бизнис партнерот на Заев, односно бизнис партнерот на бизнис партнерот на Заев, кој што заедно со неговата фамилија се влезени со бизнисот со марихуана, како човекот е притворен во Србија, како едноставно нашле начин сето тоа да го спречат?

-Имено, во соседна Србија се случи апсење на лицето Предраг Колувија во аферата “Јовањица”. На плантажа за органско производство на Колувија беше запленето огромно количество на марихуана. На истата плантажа со декларација “произведено во Холандија” е извезувано во Македонија, а потоа дистрибуирано н во трети земји. И за сето тоа обвинителството молчи и не најде засходно во целиот овој изминат период да отвори истрага и да провери што се вистински случува. И од ова бегаат. Бегаат на најбрутален начин и се обидуваат да го скријат, рече Јанушев.

 

           

Треба да знаете
Последни објави