Јорданов: Каква е поврзаноста на Бочварски со компанијата Де Лукс ДОО Штип?

Интегрален текст од изјава на Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Како што најавивме, во име на транспарентноста и отчетното владеење, во име на „Едно општество за сите“, денес се обраќаме до Градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски и Локалната самоуправа.

Пред да објавиме било каква информација, со оваа прес конференција ќе му дадеме можност да одговори на неколку прашања. Кои се сопственици на компанијата Де Лукс ДОО Штип?

Каква е поврзаноста на градоначалникот со сопствениците на оваа компанија?

Дали е точно дека оваа компанија има добиено милионски тендери и е главен добавувач на храна во јавни институции на кои основач е градоначалникот? Го повикуваме градоначалникот уште веднаш да одговори на овие прашања. Во спротивно доколку не собере храброст и доблест, ние ќе ја обелодениме целата вистина пред граѓаните, поткрепена со документи и докази.

Јавноста ќе дознае дали ова општество е за сите, или само за неколкумина од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави