Вечерта од вторник кон среда во напад на воен пункт на северот од Буркина Фасо убиени се десетна војници, а во терористички напад во вторникот загинаа 42 лица, соопштија во средата извори од безбедносните сили во таа земја.
Според друг безбедносен извор во нападот на воениот пункт војската одговорила со неутрализирање на неколку терористи.
Во истиот регион, на северот од земјата, во вторникот загинаа 42 лица во напад на џихадистите.
По тој напад, во кој загинаа 35 цивили, меѓу кои 31 жена и седум војници, во Буркина Фасо беше прогласена дводневна жалост во среда и четврток.
Во тој судир биле убиени 80 терористи, а од џихадистите во бегство биле одземнеи стотина мотоцикли и голема количина оружје и муниција, тврдат властите во Буркина Фасо.
Тоа е најсмртоносен напад во западно-африканската земја од почетокот на џихадистичкото насилство пред пет години.
„Нападот околу шест часот наутро го извршија 200 тешко вооружени милитанти, во камиони и мотоцикли“, изјави извор за безбедност за АФП.