Во налет на тајфун на Филипини загинаа најмалку 16 луѓе

Тајфунот Фанфон го погоди централниот дел на Филипини при што загинаа најмалку 16 лица.

Тајфунот го погоди островот Самар на Божик, а голем број жители поради невремето се блокирани во прифатните центри и не усепаја да стигнат Божик да го прослават со своите семејства.

Силниот ветер предизвика голема штета, уништи куќи, корнеше дрвја, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.

Филипини секоја година е погоден од околу 20 тајфуни или тропски бури.

Во тропската бура од средината на месецот што го погоди северниот дел на Филипини загинаа 13 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави