Лош почеток за „Мачки“ на киноблагајните во САД и Велика Британија

Филмската верзија на Cats (Мачки) не ги исполни очекувањата на киноблагајните кои инкасираа само 6,5 милиони американски долари во Северна Америка, пишува Би-би-си.

Филмот вреден 100 милиони американски долари, кој се очекуваше да заработи двојно поголема сума, дебитираше на четвртото место на американската топ-листа, каде што  најновото пролжение на „Војна на ѕвездите“ се наоѓа на самиот врв.

Во Велика Британија и Ирска, филмот заработи 3,4 милиони фунти и беше преплавен од критики.

Според Hollywood Reporter, ажурираната верзија на “Cats” билa испратенa до кината минатиот петок.

Медиумите известуваат дека режисерот, Том Хупер, наредил повторна монтажа на неговиот филм со „подобрени визуелни ефекти“.

Многу е невообичаено готов и веќе објавен филм да се измени на овој начин, пушува британски Би-би-си.

Филмот во кој се појавуваат многу ѕвезди, вклучувајќи ги Тејлор Свифт, Џуди Денч, Идрис Елба, Ребел Вилсон и Jејсон Деруло, е базиран на хит мјузиклот на Ендру Лојд Вебер.

По премиерата на новото пролжение на „Војна на ѕвездите“ – Star Wars: The Rise of Skywalker – кој е на врвот на американскиот боксофис, Cats падна на четврто место зад Jumanji: The Next Level и Frozen 2.

Хупер, кој го режираше оскаровскиот филм The King’s Speech („Говорот на кралот“), отворено зборува за фактот дека едвај успеал да го заврши филмот – направен со компјутерски генерирани ликови (CGI) односно апликација на компјутерска графика – пред светската премиера во Њујорк.

„Мачки“ започна лошо дури и пред објавувањето, а критичарите речиси едногласно го прогласија за фијаско, иако реакцијата на социјалните мрежи по премиерата беше за нијанса подобра.

Тим Роби од „Дејли телеграф“ го нарече „злокобна катастрофа од која никој не се појавува неповреден“, не давајќи му на филмот ниту една ѕвездичка.

Треба да знаете
Последни објави