Москва наскоро ќе воведе реципрочни мерки за британските медиуми кои работат во Русија како одговор на чекорите на Лондон против руските новинари, изјавил извор на висока позиција за новинската агенција ТАСС.
Изворот рекол дека Лондон почнал да презема агресивни чекори кон руските медиуми, прецизирајќи дека тоа се однесува на одлуката на британските власти да не му дадат работна дозвола на еден руски новинар и да принудат друг да го напушти Лондон.
Истиот извор ја обвини Велика Британија дека влече конци во Естонија, каде што властите, според неговите зборови, го прогонуваат руски „Спутник“.



