Се самоуби поранешниот сопруг на норвешката принцеза, кој го обвини Спејси дека го допирал под маса

Поранешниот сопруг на норвешката принцеза, Ари Бен, изврши самоубиство, соопшти неговиот портпарол.

Бен, автор на неколку романи и театарски претстави, се оженил со норвешката принцеза Марта Луиз во 2002 година, но двојката се развела во 2017 година.

Тие добиле три ќерки, се разделиле во 2016 година, а една година подоцна и официјално се развеле.

Норвешкиот крал и кралица дадоа изјава во која се вели дека Бен со години бил важен дел од нивното семејство.

На почетокот на декември 2017 година Ари Бен изјави за норвешката радиостаница „П4“ дека седел со Кевин Спејси и воделе пријатен разговор, а по пет минути Спејси му рекол: „Ајде да одиме надвор и да запалиме цигара“, ја ставил раката под масата и го фатил за меѓуножјето. Тогаш Бен му кажал на Спејси: „Можеби подоцна“ и на тој начин се извлекол од непријатната ситуација додавајќи дека тогаш бил помлад, не бил побелен во косата и очигледно му се допаднал на Спејси.

Треба да знаете
Последни објави