Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска другаруваше со дечињата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов”.
Во пресрет на новогодишните празници, Темелковски учениците од училиштето ги израдува со новогодишни пакетчиња и им посака убави празнични денови. Градоначалникот нагласи дека како и оваа година така и следната, училиштето ќе ја има поддршката од Општина Кисела Вода.