Пензионерите ќе добијат за 700 денари повисока јануарска пензија

Секој пензионер во државава од идниот месец ќе добие за 700 денари повисока пензија, информираат од Министерството за труд и социјална политика, откако Собранието ги изгласа измените на законот за пензиско и инвалидско осигурување, а со кои се опфатени над 320 илјади пензионери.

„Зголемувањето од 700 денари ќе влезе во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари“, велат од ресорното министерство.

Додаваат и дека со претстојното покачување и дополнителното усогласување, просечната пензија во 2020 година ќе изнесува околу 15.500 денари.

Треба да знаете
Последни објави