Агресијата од украинските сили во Донбас се засили по изборот на Зеленски

Агресијата од украинските сили во Донбас се засили откако Владимир Зеленски беше избран за претседател на Украина, изјави шефот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДПР) Денис Пушилин, на прес-конференција.

„Не сме наивни и добро разбравме какви се актуелните власти во Киев. Статистиката за бројот на гранатирања, уништување на инфраструктурата, повредите и жртвите меѓу цивилите ги надминува случаите од времето на Порошенко. Ситуацијата се влоши под Зеленски – има се повеќе гранатирања, повеќе жртви, повеќе инфраструктурни штети“, посочи Пушилин.

Тој додаде дека и покрај деструктивната политика на Киев, ДПР останува посветена на процесот на мирно решавање на разговорите во Минск и треба да ја искористи оваа меѓународна платформа во максимум.

„Треба да продолжиме да разговараме. Треба да продолжиме да разговараме дури и со непријателот, со противникот, за да постигнеме решавање на проблемите со кои се соочуваме“, рече Пушилин.

Тој особено ја истакна важноста на разговорите во Минск за завршување на размената на затвореници меѓу Киев и Донбас, што треба да се спроведе до крајот на 2019 година во согласност со декларацијата потпишана по самитот на Нормандиската четворка во Париз на 9 декември.

Треба да знаете
Последни објави