Арсенал го продаде Гранит Џака за 25 милиони евра на Херта

Играчот од средниот ред, Гранит Џака го прифати предлогот на Херта Берлин и ќе замине од Арсенал, изјави неговиот советник Жозе Ногуера во интервју за швајцарски „Блик”.

Предлогот на Германците е во вредност од 25 милиони евра, а трансферот ќе стапи на сила од 1 јануари.

– Ние се договоривме со Херта и сакаме играчот да ја продолжи кариерата во Берлин”, изјави Ногуера за „Блик”.

Џака пристигна во Арсенал во 2016 година со трансфер од Борусија Менхенгладбах, каде играше четири сезони.

Треба да знаете
Последни објави