Асад планира да ги тужи САД за кражба на сириската нафта

Владата на Сирија размислува да ги тужи САД пред меѓународен суд за крадење на нафтата во Сирија, пренесува РТ.

„Сирија ја разгледува можноста за покренување меѓународна тужба против САД поради фактот дека тие крадат сириска нафта“, рече Бутаина Шабан, советник на Асад, за телевизијата Ал-Мајадин.

По изненадувачката најава за повлекување на американските трупи од Сирија во октомври, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ги штитат сириските нафтени полиња од Исламска држава. Трамп тврди дека САД ја презеле контролата врз нафтата на Блискиот Исток, објавувајќи дека САД ја обезбедиле нафтата, а борците на ИД се двојно обезбедени од Курдите и од Турција.

Тој не образложи за што мисли со „обезбедување на нафтата“, но шпекулациите за изјавата велат дека тоа се однесува на американските специјални сили кои ги контролираат полињата за нафта и гас во Деир Ез Зор, нафтен регион во Сирија.

Трамп вети дека ќе ги заштити сириските нафтени полиња од ИД, а САД може да остават 500 војници во североисточна Сирија и да испратат воени тенкови и друга опрема за да им помогнат на Курдите во областа да ги заштитат нафтените полиња што биле контролирани од ИД за време на т.н. калифат во делови на Ирак и Сирија.

Во интервју за Ен-би-си њуз, советникот на Асад рече дека САД немаат право на нафтата во Сирија, предупредувајќи на „народното спротивставување и операциите против американските окупатори на нафтата. Курдските сили на СДФ го контролираат поголемиот дел од нафтата во Сирија. Пред војната, Сирија произведуваше 387 000 барели нафта на ден, од кои 140 000 беа за извоз.

Треба да знаете
Последни објави