Естонија нема да го смени ставот за „Спутник“

Естонскиот министер  за надворешни работи, Урмас Рејнсалу изјави дека властите во земјата нема да потклекнат под притисокот на другите држави по прашањето на ситуацијата со руската новинска агенција „Спутник“ во Естонија.

„Естонија нема да подлегне на притисокот од ниедна земја кога станува збор за непристрасното спроведување на законот. Штои се однесува до „Спутник“, естонските власти ја применуваат политиката на санкции на ЕУ која беше усвоена поради оние граѓани на Русија кои ја поддржуваа агресијата против Украина“, напиша Рејнсалу на Фејсбук.

Во последните неколку месеци, вработените во „Спутник Естонија“ повеќепати беа повикувани во полиција на информативни разговори во текот на кои им било препорачано да ја напуштат таа агенција.

Естонија е јединствената балтичка држава во која постои редакција на „Спутник“. Во неа се вработени 35 луѓе, од кои 33 се државјани на Естонија кои склопиле договор за работа со МИА „Русија сегодња“. Агенцијата секој месец во буџетот на земјата уплаќа данок во висина од речиси 30 000 евра.

Треба да знаете
Последни објави