Лопез и нејзиното момче разменуваа нежности облечени во исти пижами

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез (50) со своите следбеници на „Инстаграм“ сподели фотографија од годинашната прослава на празниците.

Овој Божик таа реши да го помине со семејството и момчето, пензионираниот успешен бејзбол играч Алекс Родригез (44).

По повод Божик, среќната двојка модно се усогласи носејќи идентични црвени пижами, што целосно ги воодушеви своите фанови.

Џенифер и Алекс не се од оние двојки што ја кријат својата врска од јавноста, туку напротив, често пати зборуваат за нивната среќа во медиумите. Тие веќе некое време живеат заедно во Њујорк, а исто така се зборува и дека наскоро ќе се свршат.

Треба да знаете
Последни објави