Министерството за труд и социјална политика најостро реагира на обвинувањата на Конфедерацијата на слободни синдикати КСС дека не функционира социјалниот дијалог. МТСП одговорно тврди дека изминатиот период редовно се одржуваа седници на Eкономско- социјалниот Совет и само во текот на 2019 година се одржаа вкупно 7 седници на кои се донесени важни одлуки за вработените и граѓаните. Според деловникот за работа на ЕСС годишно треба да се одржат најмалку 4 седници.
Резултат на социјалниот дијалог се зголемувањето на минималната плата на 14.500 денари, мерките за субвенционирање на придонесите за раст на плати, младинскиот додаток како и потпишување на голем број колективни договори со коишо драстично се зголемија платите на вработените во градинките, социјалната заштита, образованието, здравството, културата.
Министертвото за труд и социјална политика најодговорно тврди дека е во напредна фаза на изготување на целосно нов Закон за работни односи. Во овој процес пред да се отворат јавни дебати за предложениот текст за законот се одржаа консултативни состаноци со сите засегнати страни коишто ги дадоа своите коментари и сугестии за законот.
Покрај тоа како резултат на социјалниот дијалог, се донесоа повеќе законски прописи и стратешки документи во интерес на подобрување на економската и социјалната положба на вработените и граѓаните.