Нелоски: СДСМ за две недели потрошил повеќе од еден милион евра за рекламирање

СДСМ во кампања во националните медиуми според пазарната вредност од единствениот сервис за мерење на медиумите за рекламирање плаќа повеќе од еден милион евра за период од две недели, односно од 10 до 23 декември, обвини Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Главното прашање е од каде им се на СДСМ над 1 милион евра да платат за рекламирање и обид за вршење на поткуп и наклонетост на медиумите? Дали можеби овие пари им се од Луј Витон торбите и од „Рекет“?“, праша тој.

Ако се земе во предвид, додаде Нелоски, дека СДСМ годишно зема околу 900.000 евра преку државното финансирање на партиите, на кој начин ќе ги сервисира останатите пари кои што ги троши.

„СДСМ во просек секој ден од 10 декември до 23 декември трошеле по 100.000 евра. Само за споредба едно просечно македонско семејство за еден месец троши 200 пати помалку и месецот го поминува со 500 евра. Лицемерно е СДСМ да говорат за богати партии, кога самите докажуваат дека се најбогатата партија во регионот која што троши 100.000 евра дневно за рекламирање. Се повеќе е јасно каде завршуваат тендерите кои секојдневно ги објавуваме во јавноста. СДСМ врши класичен обид за поткуп на секој можен начин на медиумите и врши класична манипулација на граѓаните“, рече Нелоски.

Треба да знаете
Последни објави