Пешак загина во Кичево

На 26.12.2019 околу 15.50 часот на крстосницата од ул.„Цветко Јаковлевски” и ул.„Јордан Пиперката” во Кичево, патничко возило „даеву нубира”, со охридски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.К.(57) од Кичево.

Џ.К. починал на местото на настанот, а лекар од итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кичево. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. цр/

Треба да знаете
Последни објави