По три години затвор на поранешното раководство на ЕЛЕМ за „Тарифа“

Сите тројца обвинети во слуајот „Тарифа“- екс генералниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски и раководителите на сектори Ненад Ѓорговски и Методи Стојменовски се осудени на по 3 години затвор за злоупотреба на службена положба и овластувања.

Виновни се затоа што со тоа што не ја вршеле службената должност ја оштетиле компанија за повеќе од девет милиони денари.

За првата сума од над 400 илјади евра, тие се ослободени, а само главната сума од над девет милиони денари им се става на терет.

Според судијката, тројцата ја злоупотребиле службената положба и овластувањето во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите не ја извршиле  и службената должност и овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Ѓорговски и Стојменовски се задолжуваат да му ја надоместат штетата на АД ЕСМ, и тоа Ѓорговски 20 илјади евра и Стојменовски 30 илјади евра во рок од три месеци по правосилноста на пресудата.

Треба да знаете
Последни објави