Русија и Украина ги повлекуваат сите тужби по прашањето за гасот

Русија и Украина постигнале договор за повлекување на сите побарувања по прашањето за гасот, изјави рускиот министер за енергетика, Александар Новак, пренесува ТАСС.

Тој, исто така, рече дека исплатата за украински „Нафтогас“ во износ од 2,9 милијарди долари е само капка во морето ако се земат предвид потенцијалните ризици што се избегнати со овој договор.

Договорот за повлекување на тужбите е дел од протоколот за соработка по прашањето на гасот потпишан од страна на Русија и на Украина на 20 декември. Со тоа е осигурано продолжението на транзитот на гас низ Украина во следните пет години, а украински „Нафтогас“ ќе ја има улогата на агента „Газпром“, кога е во прашање организацијата на транзитот на гас и ќе ги преземе сите ризици што со себе ги носи преодниот период.

Треба да знаете
Последни објави