Руската православна црква ги прекина односите со александрискиот патријарх

Руската православна црква објави дека ги прекинува врските со православниот патријарх на Александрија и цела Африка, Теодор Втори, кој ја призна новата украинска православна црква, независна од Москва. Светиот синод на РПЦ донесе одлука дека сега е „невозможно” да се спомене името на патријархот Теодор Втори во молитвите и да учествува во вообичаени молитви и поклоненија, се вели во соопштението објавено на веб страницата по вчерашниот состанок на Синодот. Во него се осудува „личната одлука” на патријархот „да ги признае украинските расколници” и се потенцира дека тоа не е одобрено од Светиот синод на Александрија и од архиепископите.

Треба да знаете
Последни објави