Села: Сами може да ја поразиме ДУИ, ќе коалицираме со тие што ја прифаќаат нашата програма

Алијанса на Албанците пост-изборно би коалицирала само со партија од македонскиот блок која што ќе ја прифати програмата на партијата, порача во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

-Ние ќе одиме во коалиција со тој политички субјект кој ја прифаќа Програмата на Алијанса за Албанците и комотни позиции немам намера да му создадам на ниту еден политички субјект во македонскиот политички блок. Да не ни помисли некој да дојде кај мене и да бара од мене да се измени Законот за јазици. Ние сме одговориле во некои случаи. Законот за јазици само може да се унапреди, а не може да има враќање назад, рече Села.

Лидерот на АА кажа дека со Заев досега имал една или две средби за референдумот и за уставните измени, а со Мицкоски никогаш немал остварено средба.

Според него, Алијанса за Албанците може самата да ја победи ДУИ, повикувајќи се на резултатите од нивните анкети.

„..нашите анкети велат дека ние и сами ја победуваме ДУИ, како Алијанса за Албанците. Од друга страна анкетираните кои велат – да, за Алијанса за Албанците го велат тоа затоа што тоа го чувствуваат во срцето и даваат искрена поддршка. Додека ДУИ не може да биде сигурна во анкетираните затоа што има и од оние кои велат – да, од страв и за ова ДУИ е многу свесна. Разликата меѓу Алијанса за Албанците и ДУИ во моментов кога зборуваме не е повеќе од 0.5%, 0.6%. Преведено поинаку, една партија која е на власт и разликата не надминува 1%, сигурен и е поразот и ова го знае ДУИ“, рече Села.

Треба да знаете
Последни објави