Ќерката на Здравко Чолиќ со предизвикувачки пози заведува на „Инстаграм“

Постарата ќерка на познатиот пејач Здравко Чолиќ (68), Уна, која го прослави осумнаесеттиот роденден, на својот инстаграм-профил не крие дека сака шминка, ноќни забави и позирање пред камера.

Таа е чест гостин на луксузни белградски ресторани и странски хотели затоа што сака да патува. До неодамна, таа учеше во најскапата приватна гимназија во Белград, а од оваа година оди на факултет.

Првин на училиште ја возел возач, а неодамна го положила возачкиот испит и има свој автомобил.

Таа сака мода, брендирани чевли и торби, како и гардероба. Често објавува фотографии од ноќен живот и патувања надвор од Србија, а има и дечко, Марко, кој живее на релација Германија-Србија.

„Не ми пречи да се фотографираме кога сме семејно на аеродром, но да се местиме за фотографирање, за тоа не сум. Сè доаѓа во животот спонтано“ рече Здравко Чолиќ. Уна се појави и во неговото видео за песната „Есма“.

Треба да знаете
Последни објави