Заев го пријавил случајот „Рекет” на 22 април 2019

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил попладнево соопшти дека случајот „Рекет” го пријавил на 22 април 2019 година.

– Денес добив прашање од медиумите за точниот датум кога сум го пријавил случајот „Рекет”. Проверив и ја известувам јавноста дека случајот „Рекет” го пријавив на 22 април 2019 година, напиша премиерот.

На новинарско прашање денеска тој одговори дека одржал состанок десетина дена пред Орце Камчев да ги однесе документите и материјалите во Обвинителството за организиран криминал и корупција и дека на средбата присуствувале државниот обвинител и обвинителката за гонење организиран криминал.

Притоа, тој најавиа, дека точниот датум на состанокот ќе го провери во својата агенда и ќе го соопшти до крајот на денов.

Треба да знаете
Последни објави