Лидерите во англиската Премиер лига Ливерпул го совладаа второпласираниот на табелата Лестер со 0:4 како гостин.
„Црвените” целосно доминираа во мечот и победија со импресивна леснотија. Два гола постигна Фирмино, додека по еден додадоа Милнер (од пенал) и Александер-Арнолд.
Со победата, Ливерпул веќе има водство од 13 поени на врвот на табелата по само 19 кола.