Реал останува на врвот во Евролигата по победата над Панатинаикос

Реал Мадрид победи со 87:75 на гостувањето кај Панатинаикос во Атина и остана на врвот на рангот на Евролигата. Посетата крај Акрополис се едни од најтешките на целиот турнир, но „белите” се израдуваа на својата тринаесетта победа, откако покажаа убедлива тимска игра и заслужено триумфираа во натпреварот во шеснаесеттиот круг од регуларната сезона.

Ентони Рандолф ги водеше Шпанците со 22 поени, Волтер Таварес додаде 14 поени и 14 скокови, Фабиен Козер заврши со 12, а Џеф Тејлор со 10. Пабло Ласо користеше 11 кошаркари, од кои 10 забележа поени, а само Усман Гаруба не, откако играше помалку од 30 секунди. Гостите имаа 50 отсто прецизност од игра, надминувајќи го ПАО во сите статистики и направија 24 асистенции против само 9 грешки.

Ник Калатес со 19 поени и 7 асистенции беше најдобар за Панатинаикос. Џим Фредет исто се претстави стабилно со 18 поени и 9 асистенции, додека Јанис Папапетру заврши со 11 поени.

Реал Мадрид е на врвот на пласманот со скор од 13-3, додека Панатинаикос е шести со 9-7.

Останати резултати во Евролигата:

ЦСКА Москва – Армани Милано 78-75
Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив 99-79
Алба Берлин – Басконија 81-57
Асвел Вилербан – Кимки 92-88

Треба да знаете
Последни објави