Тајфунот на Филипините однесе 28 животи

Најмалку 28 лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати, во налетот на тајфунот Фанфон што на Божик го погоди Филипините, соопшти денеска националната канцеларија за намалување на ризик од катастрофи.

Тајфунот зароби голем број луѓе на пристаништата и аеродромите.

Покренати се свлечишта, голем број села се поплавени, има уништени куќи, а тајфунот собори и дрва и електрични столбови поради што голем број лица останаа без електрична енергија.

Претставник на агенцијата за вонредни ситуации го нарече град на духови погоденото место Батад, во провинцијата Илиоило.

„Никого не можете да видите бидејќи е целосен мрак, не можете да слушнете ништо. Градот изгледа како град на духови“, наведе претставник на регионалната канцеларија за цивилна одбрана, опишувајќи како местото изгледало за време на божикните празници.

Фанфон замина од Филипините, но студеното време што го остави зад себе ќе донесе обилен дожд над северниот дел на Филипините, соопштија локалните власти.

Треба да знаете
Последни објави