(Видео) Страшен пад на скијачката легенда во Бормио

Австрискиот скијач Ханс Рајхелт е тешко повреден по падот на тренингот за трката во спуст во Бормио.

Скијашката легенда со брзина од над 100 километри на час се зби во заштитната ограда и сега му се заканува крај на кариерата. По падот Рајхелт со хеликоптер е пренесен во болница.

-Во моментов не можеме да кажеме ништо за повредите на Рејхелт бидејќи е на пат за Инсбрук, рекол портпаролот на трката.

Аустриецот е попознат како ски-тркач, но се натпреварува во спуст и во супервелеслалом, во велеслалом и во алпска комбинација. Првата трка ја освоил во 2002 година во Светскиот куп, а а во 2015 година овој 39 годишен Австриец освои злато на Светското првенство во Супер Џ.

https://youtu.be/hwMwWxroNBc?t=30

Треба да знаете
Последни објави