Во скопската полиција, синоќа на полноќ, била пријавена тепачка во угостителски објект на булеварот Борис Трајковски.
Според пријавеното, по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу двајца скопјани на возраст од 48 и 21 година од една страна, и сопствениците на објектот на возраст од 29 и 33 години, исто така од Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.