Нова година во Велинград по цена од 2.000 лева за ноќ или повеќе од 1.000 евра. Најлудата ноќ во спа центар за пет дена за 13.000 лева или скоро 7.000 евра. Ова се само дел од цените кои кружат на интернет по бугарските портали. Вселенските цени дел за ноќевање, а дел за цел престој се однесуваат на луксузни куќи кои се дел од некој комплекс на спа центар или пак во некој од екстра луксузните хотели низ Бугарија. Во понудата стои дека секој кој ќе се реши најлудата ноќ да ја помине по овие естра високи цени ќе добиде „специјална“ услуга и незаборавни доживувања. Какви, не прецизираат.
Според дел од бугарските медиуми квалитетот е главниот фактор што ја формира цената, но се прашуваат што треба да понуди еден хотел за да клиентот плати 1.000 евра за ноќ. Денови пред да дојде Новата година, многу Бугари се на пат. Но затоа за Нова година во Бугарија чести гости се соседите како Македонци, Срби, но и Грци. Дел од нив се подготвени за специјалната услуга.
„Бугарите речиси се чувствуваат должни да патуваат некаде за празници“,вели Димитар Попов, туроператор. Дестинациите се разновидни, цените исто така. „Најбараните дестинации се дестинациите со СПА“, објасни Попов.
Но има и поефтини цени за нашите туристи.Така ако сакаме да славиме во куќа за гости кај Гоце Делчев, треба да потрошиме скоро 2.000 лева. Една недела во Банско може да нè чини нешто помалку од 1.500.
Хотелиерите го објаснуваат широкиот опсег на цени со празниците.
„Претпоставувам дека се потпира на фактот дека особено новогодишниот период е најсилен во целата зимска сезона за нашите дестинации“, рече Надежда Атанасова.
„Вие не можете да бидете во центарот на бугарскиот град, да бидете во најдобриот хотел, во најдобриот стан и да очекувате цената да биде нешто пониска“, рече Румен Драганов.
И, ако би го формулирале рецептот за магичен пречек на 2020 година. Нема рецепт, најважно е со кого, инаку местото е ирелевантно.
(В.А.)