Новиот изборен модел би можел да се примени на следните локални избори, а не за предвремените во април, смет лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека неговата партија за промената на изборниот модел е подготвена да раговара по изборите во прил.
-Во врска со темата за промена на изборниот модел, ние како ВМРО-ДПМНЕ изразивме подготвеност веднаш по завршувањето на изборите во април, опозицијата и власта кои ѝ да бидат тогаш, да седнат и разговораат за промена на изборниот модел и примена на т.н. отворени или преференцијални листи за време на следните локални избори, посебно за листите на советници, рече Мицкоски.
Претходно лидерот на опозицијата рече дека на Заев за кандидат за министер за внатрешни работи му предложил човек нов во политиката, врвен професионалец со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел.