СДСМ за само две недели потроши над милион евра за рекламирање по национални медиуми, изјави денеска членот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.
„Зоран Заев кој е премиер уште 5 дена и никогаш повеќе, молчи и не кажува од каде му се над милион евра за рекламирање на своите неуспеси прикажувајќи ги како успеси.
Ако се земе предвид дека СДСМ годишно зема околу 900.000 евра преку државното финансирање на партиите, на кој начин ќе ги сервисира останатите пари кои што ги трошат“, запраша претставникот на опозициската партија.
Како што кажа Нелоски, СДСМ треба да им објасни на граѓаните како троши по 100.000 евра дневно за рекламирање на кампања, во моменти кога државата тоне на економски план.
„Дали можеби торбите Луј Витон од ‘Рекет’ се изворите на финансирање на СДСМ? Дали можеби начинот на финансирање се тендерите кои секојдневно завршуваат во џебовите до блиски на СДСМ и функционерите“, додаде тој и порача дека одговорност за сите матни финансирања ќе има по 12. април.