Карло Анчелоти го изведе Евертон до втора последователна победа од преземањето на кормилото на клубот. Само два дена по дебито на Италијанецот, „карамелите” остварија успех од 2-1 на гостувањето кај Њукасл. Тие нанесоа втор пораз на „Сент Џејмс Парк” од почетокот на сезоната.
Доминик Калверт-Луин стана херој за Евертон, кој постигна два гола. 22-годишниот напаѓач го отвори резултатот во 13. минута и постигна гол за 1:2 во 64-тата. Шар изедначи за Њукасл во 56. минута.
После овој успех, екипата од Ливерпул сега е на десеттото место во рангот, и веќе бара места за пласман во евротурнирите за следната сезона.
Резултати во Премиер лигата:
Брајтон – Борнемут 2:0
Њукасл – Евертон 1:2
Саутемптон – Криста Палас 1:1
Ватфорд – Астон Вила 3:0