Италијанскиот калчолигаш Џенова повторно промени тренер и на местото на Тиаго Мота кој доби отказ назначи нов предводник.
Тимот во чии редови настапува Горан Пандев за тренер го доби Давиде Никола. Поранешниот стратег на Кротоне и Удинезе доаѓа на местото на Мота кој не ги оправда очекувањата и доби отказ.
Никола во минатото беше во Џенова како тренер и во тимот мина шест сезони. Калчолигашот моментално е на дното во Серија А и го чека тешка битка за опстанок.
Договорот на Никола со Џенова е шестмесечен, со можност за продолжување.