Грција модернизира 84 ловци Ф-16

Грција потпиша договор со американскиот производител на воена опрема „Локид Мартин“, што ќе и овозможи на земјата да ја модернизира својата флота на борбени авиони Ф-16 во текот на следните седум години.

Договорот бил потпишан во вторникот, соопшти грчкото министерство.

Министерот за одбрана, Никос Панајотопулос, пред парламентот претходно месецов изјави дека 84 авиони Ф-16 ќе се модернизираат до 2027 година, со напредна технологија во рамки на програмата чија вредност се проценува на 1,7 милијарди долари.

Брзината на модернизација на авионите ќе зависи од тоа по колку авиони ќе треба да останат во активна служба, пренесува агенцијата АП.

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијален договор во 2017 година, во кој се наведува дека САД помагаат во подобрување на безбедноста на сојузниците на НАТО, за кои сметаат дека се важен партнер за политичката стабилност и економскиот напредок во Европа.

 

Треба да знаете
Последни објави