„Жив нема да ме фатат“ рекол Нинослав Јовановиќ на неговата жртва Моника Кривановиќ (12) пред да ја пушти, рекла девојчето на полицајците по ослободувањето.
Според неа, „берберот од Малча“ е вооружен со голем нож.
Последните информации велат дека Јовановиќ е опколен во куќа во селото.
Моника била пронајдена во викендичка во село Пасјача, облечена и според првите информации, во добра здравствена состојба. Сепак, таа е префрлена во Клиничката болница во Ниш на детални прегледи.