Штипјанец дома чувал хероин, амфетамин, екстази и марихуана

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ј.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 18.03 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на улица „Радански пат“, при што биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, хероин, таблети МДМА и „трамадол “.

Од МВР информираат дека поднеле кривична пријава  и против В.А.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 19.11.2018 на паркингот на хотел во Велес полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и преглед во просторијата каде престојувал, при што биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана.

Треба да знаете
Последни објави