Јунајтед го сака Ериксен како слободен агент уште од летото 2020 година

Манчестер јунајтед ќе се обиде да го привлече плејмејкерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен на слободен трансфер во летото 2020 година.

Според информациите од британското издание на „Телеграф”, можно е тимот да се обиде да потпише прелиминарен договор со Данецот.

Познато е дека неговиот договор со „петлите” е до крајот на сезоната и во моментов тој бара нов и подобрен договор.

Вчера се шпекулираше дека тој може да се искористи и како дел од обидот на лондонскиот тим за привлекување на Герет Бејл од Реал Мадрид.

Самиот Ериксен сè уште не објави какви преференции има тој за иднината и во кој клуб сака да игра.

Треба да знаете
Последни објави