Општина Бутел во пресрет на новогодишните празници по втор пат организира новогодишен хепенинг во својата општина. Оваа година под слоганот “Бутел наш мил во новогодишен стил” општината ќе приреди хепенинг за пошироката јавност кој ќе се одржи пред платото на општинската зграда што ќе започне во 11 часот наутро и ќе трае до доцните вечернни часови.
На настанот учество ќе земат сите основни оштински училишта и детските градинки со свој настап, потоа ќе пристигне Дедо Мраз кој на најмладите ќе им посака убава и весела година. На настанот учество ќе земат и бројни познати естрадни уметници како што се: Кристина Арнаудова,Силви Бенд, Виолета Томовска, Боби Спасенцовски, Ефто Пупиновски, Ани Малинкова, Круме Спасовски, Акустико Бенд , Роки и пријателите и многу други. Како водители на настанот ќе се појават Бојан Василевски и Војче Китановски кој ќе ја носи улогата на Дедо Мраз.
На настанот како и минатата година така и оваа ќе се делат бесплатни топли напитоци , но ќе следат многу други изненадувања за посетителите.