Видал објасни зошто го тужи сопствениот клуб

Артуро Видал, играч од средниот ред на Барселона, објасни зошто ги тужи Каталонците. Пред неколку дена шпанските медиуми ја пуштија веста дека Чилеанецот бара бонус од 2,4 милиони евра, кој не му бил исплатен.

-Не е фер кога парите ги снема. Во суштина, не се занимавам јас со тоа, туку мојот агент и адвокатот, чија работа е тоа, беше концизен Видал.

Сето ова доаѓа во позадина на желбата на играчот од средниот ред да ја напушти Барса во јануари. Тој, наводно, има договор со Интер, но двата клуба остануваат да се разберат за трансфер сумата.

Треба да знаете
Последни објави