(Видео) Напад со дрон полн со експлозив на воена парада во Јемен

Голема експлозија се случи на воена парада во Јемен, во која има жртви и повредени , објави Скај њуз. Според непотврдени извори, експлозијата била предизвикана од напад со дрон полн со експлозив, пишува Спутник.

https://twitter.com/NTHNEWS_Yemen/status/1200753605462114305

Според некои извори, во експлозијата загинале пет лица. Ддронот експлодирал над сцената на која се одржувала воената парада на стадионот „Ел Сумуд“ во градот Ел Далеу.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, објави Спутник.

Неколку години има вооружен судир во Јемен меѓу владините сили предводени од претседателот Абед Рабо Мансур Хади и бунтовниците Хути. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија спроведува воздушни напади врз Хутите од март 2015 година на барање на Хади.

Треба да знаете
Последни објави