Двајца повредени кога возило излетало од коловозот во Кривопаланечко

Изутринава во 01,00 часот на магистрален пат Крива Паланка-Куманово кај с.Мождивњак, Кривопаланечко, возило „фолксфаген голф„ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(31) од Крива Паланка, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Л.В.(41) и С.М.(44) од село Псача, општина Ранковце и се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Крива Паланка.

Треба да знаете
Последни објави