(Ексклузивно видео) Мајката на Моника: Се слушнав со неа, бара да ме гушне 

Семејството на 12 годишната Моника Каримановиќ е најсреќното семејство во моментов. Тие дознаа дека нивната ќерка е здрава и жива откако беше киднапирана од серискиот силувач Нинослав Јовановиќ. Грабнувачот е во бегство, а девојчето е на прегледи во болницата во Ниш.

-Таа побара да ја види својата мајка,  разговарав со неа. Моето единствено дете. Моето мало дете. Таа сака да ме гушка. Таа е гладна. Собрав храброст да не плачам. Чекам полицијата да ме извести за да можам да ја земам. Ќе и ги бакнувам стапалата, изјави мајката.

 

Треба да знаете
Последни објави