Косовски полицаец од Одделот за специјални сили задолжен за заштита на лица и објекти утрово во 5 часот со куршум во главата го убил Влај Хамдиу од селото Мучиврц во општина Каменица, јавуваат приштинските медиуми. Убиството се случило по сообраќајка, наводно предизвикана од починатиот и расправија што следела. Сето ова се случувало пред очите на синот на починатиот, стар околу 20 години.
Починатиот и неговиот син, според изјави од членови на семејството, се упатиле кон Ново Брдо за продажба на добиток што претходно го натовариле во камион.
Основното јавно обвинителство, пак, побара 30 дена притвор за осомничениот, додека телото на убиеното лице е упатено до Институтот за судска медицина во Приштина.