Повеќе од 800 полицајци, офицери на БИА, ловци и доброволци во Србија трагаат по силувачот и киднаперот на малата Моника Каримановиќ (12) која беше пронајдена здрава и жива денеска, откако беше киднапирана пред девет дена.
Во потрагата по осуденикот Нинослав Јовановиќ, попознат како „малчански бербер“ , кој е осомничен за киднапирање на девојчето и е во бегство, се вклучени и кучиња трагачи, сбеспилотни летала, камери за термовизиски камери и хеликоптери. Таксистите бесплатно ги превезуваат сите оние коишто сакаат да помогнат во потрагата, а бројни граѓани со сопствени дронови се вклучија во пронаоѓањето на опасниот силувач и педофил.
Моника Каримановиќ (12) беше пронајдена денеска жива и здрава по деветдневна потрага. Полицијата открила повеќе индиции коишто укажувале дека киднаперот постојано ги менува локациите, а цели девет дена, тој го носел постојано девојчето со себе, криејќи ја во шуми или во напуштени куќи во селата околу Књажевац и Зајечар.