СВР Велес поднесе кривична пријава против М.П.(33) од Велес поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 10.04.2019 на патот Велес – Чашка, во близина на место викано „Пашин мост“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел“, во кое бил пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.